manastir.bg.jpg

ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ ВО ЧЕСТ НА СВЕТИ ЈОВАН РИЛСКИ И ПОСЕТА НА ТРОЈАНСКИОТ И БАЧКОВСКИОТ МАНАСТИР ВО БУГАРИЈА ОД 16 ДО 18 МАЈ 2014 ГОДИНА

 manastir.bg.jpg

Скопската православна епархија (во соработка со туристичката агенција ДАРО КОМПАНИ, лиценца А бр. 680, тел. 031.413.984 или 071.311.014), со благослов на Негово Блаженство, Архиепископот г.г. Стефан, организира поклоничко патување во чест на свети Јован Рилски - Бугарија.
1 ДЕН (16.05.2014 петок): Состанок со групата во 22.00 часот пред храмот Пресвета Богородица, спроти МАНУ, па заминување кон Крива Паланка и Ќустендил и продолжување на патувањето кон Тројан, (ноќно возење).
2 ДЕН (17.05.2014 сабота): Пристигнувањето во Тројан е предвидено во утринските часови каде што најпрвин ќе биде посетен манастирот посветен на Успение на Пресвета Богородица - Тројански манастир. Следи продолжување на патот кон Бачково и кон  манастирот Успение на Пресвета Богородица - Бачковски манастир, а во попладневните часови е предвидено пристигнување во Самоков каде што ќе се ноќева.
3 ДЕН (18.05.2014 недела): Будење, појадок, а потоа заминување кон Благоевград и посета на манастирот Свети Јован Рилски  каде поклониците ќе можат да се поклонат на моштите од светителот (посетата на манастирскиот музеј чини 8 лева или  4 евра), по ова следи заминување за Македонија, а попатно ќе биде посетен манастирот Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане. Пристигнувањето во Скопје е предвидено во вечерните часови.


manastir.bg2.jpg

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 4.300 ДЕНАРИ: ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ: КОПИЈА ОД ПАСОШ КАДЕ ШТО СЕ НАОЃА СЛИКАТА.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: Патничко осигурување, автобуски превоз и едно ноќевање во хотел со појадок.
Последен рок за пријавување е 13 мај 2014 година до кога ќе треба да се уплати и да се достави копија од пасош. Личните податоци може да се испратат и по интернет: име и презиме, матичен број, број на пасош, контакт телефон и место на живеење.
За сите информации може да се обратите на проф. Момчило Павловиќ секој ден по 13.00 часот, на тел. 070.582.588 или на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или  на Skype: mopavlovic
Поклониците кои ќе сакаат да понесат дар за гореспоменатите светители, може да го направат тоа, но во согласност со православната традиција.
Исто така, доколку некој сака да понесе од дома некоја икона или сличен предмет, за да го положи врз моштите, истото може да го направи и потоа предметот да го врати дома, благословен од светителите.
Жиро сметка: Д.П.П.У. Даро Компани Д.О.О.Е.Л. - Куманово, Централна Кооперативна Банка 320100004091752

 

 manastir.bg.jpg