Почитувани,


Во име на продуцентската куќа КТ Филм & Медиа Ве покануваме на Вториот Интернационален Фестивал на филмови снимени со мобилен телефон.
Ќе ни претставува огромна чест и задоволство доколку и Вие присуствувате на Второто издание на Мобифест. Манифестацијата која е во организација на КТ Филм & Медиа, а под покровителство на Операторот ОНЕ, Европската делегација во Македонија и Словачката амбасада во Република Македонија, ќе се одржи на 21-ви Ноември (Понеделник) во 19 часот во ЕУ Инфо Центарот (ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 52в).


Во рамките на фестивалот, ќе се прикажат дваесетина филмови во рамките на интернационалната програма, како и селектираните од пријавените филмови, кои ќе се натпреваруваат за главната награда "Лале" за најдобар филм, во чест Ратка Илиевска - Лале, која сиот свој живот го посвети на филмот и преку својата работилница „Едвуд“ едуцираше огромен број филмаџии, писатели, уметници.


Повеќе информации можете да најдете на http://www.mobilefestival.net/

 

 


Со почит,
Филмски Фонд на РМ