Прашање од Анонимен :

Христос посреде нас!
Сакам да ве поздравам и да ве поддржам во вашите духовни напори, зашто знам дека Православието е единствениот исправен пат до Бога и со Бога, и зашто гледам дека воопшто не е лесно да излеземе од тињата на злото - особено во овој 21 век, кој ми изгледа апокалиптичен (сепак на многумина пред мене им изгледало дека е блиску Второто Христово доаѓање),... Сакам да ве прашам нешто околу Типикот, дали ние мирјаните треба да имаме некое молитвено правило?

vozdvizenie.jpg

Одговор:

Молитвата е нешто за кое многумина зборуваме и кажуваме како и што треба да се прави, но ретко кој тоа од нас го прави. Но, како и да е, молитвата претставува средба на душата со Бога, или подобро кажано излегувањје на душата на човекот пред лицето на Бога... Црквата предвидела  заеднички Богослужби кои ќе ја укрепуваат душата на христијанинот и кои ќе не потпомагаат во борбата, меѓутоа борбата сепак е личносна, затоа што ние како личности треба да се појавиме и да стоиме пред Бога, мора да постои личната молитва, личното молитвено правило. Бог да ни помага во подвигот на чистењето на срцето, а соодветно со тоа ќе си дојде дарот на чистата молитва, ако сака Бог, во Негова слава. По молитвите на Пресвета Богородица.

П.П./З Д.