СИНИША ЕВТИМОВ ГО ПОСТАВУВА "ТАКА БИЛО ПИШАНО"

Нов текст од Сашко Насев во МНТ

Но­ви­от текст на еден од македонските реномирани драматурзи Сашко На­сев "Така било пишано" се поставува во Македонскиот народен те­а­тар, во режија на Синиша Евтимов.
"Во основа е сценски трилер. Сe се врти околу една жена, а сите страсни од­но­си меѓу ликовите зависат од тоа колку ние обичните луѓе сме спо­соб­ни да сакаме или да мразиме. Ги разработува дилемите на современиот чо­век и неговата потреба за кариера, љубов, иднина, сигурност и слично. Има пет лика. Секој за себе е карактер и сите меѓу себе се поврзани на не­кој начин", ни изјави Насев.
Уло­ги­те ги играат Сенко Велинов, Јордан Симонов, Арна Шијак, Оливер Мит­ков­ски и Никола Ристановски.
"Од­лич­на актерска екипа за една праизведба", додава авторот. Музиката е на "ПМГ Колектив". Премиерата се очекува кон крајот на месецов.
По "Магдо, љубов моја" од 2003 и "Доле влада" од 2004 година, "Така било пи­ша­но" е трета праизведба на Насев во МНТ.
Во контекст на неговите драми "Чија си", "Грев или Шприцер", "Позитивно мис­ле­ње " и останатите, новата драма се најавува како комуникативен, жан­ров­ски чист театар, кој е во емпатија со гледачот и е по дефиниција доб­ра претпоставка за успешна претстава.
(Б.Н.)

 

 Извор: Вест