„МакеДокс“ информатор
Дневна културна доза – Четврток (10.06.2010)
Во рамките на Фестивалот за креативен документарен филм „МакеДокс“, во четврток 10.06.2010, ќе се одржуваат повеќе проекции на следниве локации:
Кинотека на Македонија
13.00 часот
- „Живот во две куќи - Рене“ (Холандија, 2009, Frans Bromet/Renne de Wit)
- „Живот во две куќи - Јулија“ (Холандија, 2009, Frans Bromet/Julia Heetman)
- „Слушни ја тишината“ (Хрватска, 2009, LJSFS)
- „Ѓумри: две приказни“ (Ерменија, 2009, SunChild Eco Club of Gyumri)
15.00 часот
- „Лимени домови“ (Шкотска, 2008, Eva Weber)
- „Моја долина“ (Ерменија, 2009, SunChild Eco Club of Sisian)
- „Еј...“ (Ерменија, 2009, SunChild Eco Club of Garni)
- „Патот на водата“ (Ерменија, 2009, SunChild Eco Club of Noratus)
- „Загадена вода“ (Ерменија, 2009, SunChild Eco Club of Artashavan-Saghmosavan)
17.00 часот
- „Севдах“ (Босна и Херцеговина, 2009, Marina Andree)
Фестивал за креативен документарен филм
Младински Културен Центар, Кеј Димитар Влахов б.б.
+389 2 3220336, www.makedox.mk
Младински Културен Центар
19.00 часот
- „Хип-хоп приказна од Хрватска “ (Хрватска, 2009, Igor Kolovrat)
Куршумли-ан
20.30 часот
- „Граница“ (Македонија, 1962, Бранко Гапо)
- „Бурма ВиЏеј“ (Норвешка/Шведска/Данска, 2008, Anders Ostergaard)
22.15 часот
- „На пат на училиште“ (Турција, 2008, Ozgur Dogan/Orhan Eskikoy)
00.00часот
- „Бела бучава“ (Италија, 2008, Alberto Fasulo)
Разговор со Роберто Фазуло
РАБОТИЛНИЦА
10 јуни 2010, четврток,
Локација: Куршумли-ан
17.00-19.00
Работилница: Имам идеја, што со неа?
-Рада Шешиќ, режисер, продуцент, селектор, професор - Холандија
Рада Шешиќ компетентно и едноставно ќе ве доближи до процесот на пополнување на формуларите кога поднесувате проект за развој на сценарио, за продукција или, пак, за дистрибуција, до некоја фондација или, пак, телевизија.
Кој какви права има? Кој што треба да очекува и бара? Како се пополнува пријавниот формулар? Што е мотивација, а што визуелен третман? Што е трејлер, а што тизер? Што е тоа „пичинг“ форум? Како најдобро да се претстави еден филмски проект? Каде е важно да се учествува? Кои се фестивалските рокови и
Фестивал за креативен документарен филм
Младински Културен Центар, Кеј Димитар Влахов б.б.
+389 2 3220336, www.makedox.mk
стратегии? Сето ова „спакувано“ во нешто повеќе од два часа. Многу примери, многу трејлери. И само 20 минути пауза.
Рада Шешиќ е режисерка, филмски критичар и професор. Родена е во Бјеловар, Хрватска, a живеела во Сараево. Во периодот од 1990 до 1991 година живее во Индија, каде што специјализирала јужноазиска кинематографија. Од 1993 година живее во Утрехт, Холандија. Работела како филмски критичар и новинар во сараевската РТВ и во филмскиот магазин „Синеаст“. Денес е редовен соработник на двата најголеми филмски фестивали во Холандија: Интернационалниот филмски фестивал во Ротердам и Интернационалниот фестивал на документарни филмови во Амстердам (ИДФА). Член е на одборот на ИДФА фондот „Јан Вријман“ од самиот почеток, а во последните три години е и член на управниот одбор на Хуберт Балс Фондацијата. Задолжена е и за документарната програма на Сараевскиот филмски фестивал. Седум години работела како професор на Универзитетот во Амстердам, а денес е и редовен предавач на Холандскиот институт за филм (НИФ).

 

MakeDox Film Festival
www.makedox.mk
tel. +389 72 205 823