Скопје, 31 јануари (МИА) - Кинотеката на Македонија ќе ја почне Февруарската програма во вторник со проекција на филмот „Изгубени во преводот“ на Софија Копола од 2003 година, кој ќе биде прикажан и на 3 февруари.

На 4-ти и 5-ти на филмската програма е американскиот „Седум“ во режија на Дејвид Финчер, снимен во 1995 година, а на 6-ти и 7 февруари - францускиот филм „Пакт со волците“ на Криштоф Ганс од 2001 година.


Наредната седмица ќе бидат прикажани рускиот  „Армија колибри“ на Александра Лејманиса (1964) и американските филмови „Застрашувачки океан“ на Стивен Сомерс (1998),  „Детектив“, режиран од Гордон Даглас (1968) и „Вселенски војници“  на  Пол Верховен (1997).

Од 19-ти до 24 февруари Кинотеката организира „Недела на современ холандски филм“ во чии рамки ќе бидат прикажани пет играни филмови, еден доглометражен документарец и неколку кратки и анимирани. Најавени се насловите „Полска невеста“, „Еротски приказни“, „Црна книга“,  „Сина птица“, „Симон“   и документарниот „Кармен го сретнува Борат“.


На 25-ти и 26 февруари ќе биде прикажан рускиот филм „Ноќ над Чиле“ од 1977 година, а на 27-ми и 28 февруари - шведскиот филм „Човек на покривот“, снимен во 1976 година. хс/ 18:17