Во кафе-книжарницата на книгоиздателството „Три“ вечерва во 18 часот ќе биде промовиран првиот роман на Винка Саздова, „Последниот чај“. Промоцијата ќе се одржи во рамките на свечена прослава по повод десетгодишнината од основањето на „Три“.

За делото на Саздова, како и за улогата и значењето на таа издавачка куќа на нашиот книжевен пазар ќе зборува отец Медотиј Златанов. Извадоци од книгата на Саздова ќе чита Јелена Жугиќ.

Со тој роман, Саздова најави дека се повлекува од издаваштвото и продолжува да работи како авторка. Главен лик во „Последниот чај“ е жена која оди во Индија, за да се сретне со својот духовен учител, а таму ги среќава своите најблиски. Колку подалеку оди, толку подлабоко се нурнува во сопствените спомени, таги и радости. Домашната критика делото го оцени како роман за љубовта, за средбите, разделбите, разминувањата.

„Тоа е роман на невиноста. Пред да ни ја покаже темата, ја покажува својата невиност во жанровска смисла“, напиша Венко Андоновоски во поговорот код делото.

„Дневник“