Esen.manastir1.jpg
Почитувани,

Ве известуваме дека на 24 ноември 2009 година (вторник), во 20 часот, во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, ќе се отвори самостојна изложба на уметникот Дамир Никшиќ, од Босна и Херцеговина, насловена  Страв од летање.

Дамир Никшиќ е концептуален уметник кој прави реинтерпретации, римејкови, пародии на веќе видени и слушнати филмови, изјави, песни, концепти, но истите ги става во сосема нов контекст, а тоа се дискурсот и прашањата за идентитетот, припадноста, прифаќањето на босанскиот ентитет, на муслиманскиот верник, на Источноевропеецот, воопшто, во Западна Европа. Неговите дела изобилуваат со духовитост, но тоа е еден вид трагикомичен сомбр, на ироничен начин уочувајќи ги стравовите и фрустрациите на еден современ интелектуалец во 21-от век. Специфичен пристап е тоа што Никшиќ се користи себеси, сопственото тело, гласот, како главен перформер и актер чија ролја адекватно се вклопува во секое сценарио и во секоја нарација.

Проектот Страв од летање се состои од дигитални принтови, реадѕ-маде и и видеоинсталации. Всушност, целата приказна се заснова врз еден текст на Славој Жижек, насловен До колена (Кнее-дееп), во кој, покрај другото, говори и за тоалетите на најмоќната европска тријада Германија, Франција, Англија (водечките европски идеологии) споредувајќи ги тоалетот и начинот на вршење нужда со политичката филозофија на одредената земја. Жижек се повикува и на „Страв од летање” на Ерика Јонг, каде таа говори за тоалетите и нацистите, т.е. за германските тоалети како повод за хорорите на Третиот Рајх, од една страна, а од друга и на Хегел и на неговата опсервација дека овие три моќни сили се географска експресија на три различни егзистенцијални аспекти.

Творештвото на Дамир Никшиќ е мошне моќно, уметничко-визуелно сведоштво, гледиште, став за актуелните проблеми на дел од екс-југословенските транзициски држави и покраини што се во потрага по дефинирање и детерминација на сопственото ЈАС во рамките на „Глобалното село ‡ Европа”. Визуелно-естетско-концепциското доживување по соочувањето со делото на Никшиќ, кое едноставно предизвикува и мамка, бидејќи изобилува со хумор и сатира, не го остава примачот рамнодушен.

Дамир Никшиќ е роден на 6 декември 1970 во Брчко, Босна и Херцеговина. Студирал на Аццадемиа ди белле арти ди Брера, Милано, Италија и на Аццадемиа ди белле арти, Болоња, Италија. Завршил студии на академијата за фини уметности во Сарајево, сликарски оддел. Во 2003 изложува на 50-тото Венециско Биенале, Интернационален дел Интерлудес, кустос Францеско Бонами. Во 2004, дипломира на Историја на уметност и фина уметност (Нов правец) на универзитетот Аризона во Тусцон. Во академската 2005-2006 година работи како визитинг професор на Нортхњестерн Университѕ, Евантстон, ИИ, САД. Моментално живее и твори во Стокхолм.


Со почит,

НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА