СОДРЖИНА ЗА ДРУГИТЕ од Гоце Наневски на СУБ ДОКУМЕНТА

 


Проектот Содржина за другите на Гоце Наневски, кој ќе биде претставен на Суб Документа во Сараево, БиХ, е составен од 7 дигитални принта со димензии 90 х 60 см, сите изработени во 2009 година, како и два интегрални текста. Проектот го истражува просторот на човековата состојба во моментот на соочувањето и судир со естетиката, семантиката  и нарацијата на предметите кои не се секојдневно присутни и кон кои немаме изградено односи и релации како кон предметите кои ни ги опкружуваат секојдневиот личен и социјален ангажман.
Интересот на Наневски се лоцира во можните агли и начини на гледањето на сетовите од инструментариумот кој се користи во неврохируршките, уролошките, ортопедските и торакалните интервенции и аспектите на нивно гледање.
Предметите, нивното значење и односот на индивидуата кон нив е спектарот кој овој проект треба да го отвори и да предизвика можни одговори или тези кај гледачот. Ова не е проект кој ги дава одговорите и топонимите на локациите на областите кои се проектирани, туку ги нуди самите области.

 

Отварањето на Суб Документа е на 4 ноември (среда) 2009 година од 18 - 21 часот, во центарот Скендерија, во Сараево, Босна и Херцеговина.

 

 

СУБ ДОКУМЕНТА
Проектот Суб Документа е проект на галеријата Чарлама депо, сопственост на босанскиот бард на уметноста Јусуф Хаџифејзовиќ. Хаџифејзовиќ е основач на врвната манифестација Југословенска Документа, која ги одбележа осумдесетите години од минатиот век како собиралиште на најрелевантната продукција од просторите на тогашна Југославија. Концептот на Суб Документа е да го собере во центарот Скендерија релевантното творештво од Балканот и Европа, поточно автори и уметнички групи како што се ИРВИН, Стилиновиќ, Кожариќ, АМБРОЗИЈА, Тиквеша, Џуриќ, Либовац и други...

 

На покана на Хаџифејзовиќ, Гоце Наневски е единствен македонски претставник на оваа манифестација.

 

За повеќе информации за Суб Документа:
хттп://депо.ба/паге.пхп?ид=6708
хттп://њњњ.радиосарајево.ба/цонтент/виењ/12107/26/

 

Гоце Наневски контакт 071261020