Националната установа Музеј на современата уметност- Скопје во сабота на 26.09.2009 година од 11 : 00ч до 14: 00ч, во рамките за одделот за едукација, организира ЛИКОВЕН ХЕПЕНИНГ.
Хепенингот ќе се одржи во  првиот месец од почетокот на новата учебна година, со цел да се започне успешна соработка со учениците во однос на постојано посетување на изложбите што ги приредува музејот.
Поканивме околу сто ученици од училиштата во град Скопје.
Нашата цел е дружење и зедничко творење на слободна тема. Ликовниот хепенинг ќе се одржи на прекрасниот простор во отворениот дел на музејот. Потребниот материјал за овој хепенинг го обезбедивме од сопствени средства.
Ве покануваме да го проследите ова ликовно дружење.


Со почит

НУ МСУ                                                            Координатор на проектот
Односи со јавност                                                     Драгица Ристеска