Легендарниот антички еп „Одисеја“, од Хомер, објавен првпат на македонски јазик, ќе биде промовиран денеска во 12 часот, во Македонската академија на науките и уметностите. Делото е едно од најзначајните книжевни творби во книжевната историја на човештвото, а кај нас од старогрчки го препеа академик Михаил Д. Петрушевски. За епот ќе зборуваат академиците Георги Старделов и Петар Хр. Илиевски, како и книжевниците Иван Џепароски и Маја Бојаџиевска. Извадоци од книгата ќе чита Васил Буковски. Издавач на епот е книгоиздателството „Магор“.