ВРЕДНУВАЧКИТЕ И ФОРМАТИВНИТЕ ЦЕЛИ НА УМЕТНИЧКАТА КРИТИКА ВО КОНТЕКСТИТЕ НА (ДЕ)ТЕРИТОРИЈАЛИЗАЦИЈА

Семинар на АИКА- Меѓународното здружение на ликовни критичари

29-30 мај, 2009, Мултимедија центар “Мала станица” – Национална галерија

Веќе подолго време Меѓународното здружение на ликовни критичари АИКА - АИЦА/ Ассоциатион Интернатионале дес Цритиљуес д’арт, е соочено со новата геополитичка прераспределба по прогласувањето независност и автономија на повеќе територии и акцесијата на некои од нив во ЕУ. Создавањето на нови национални секции најдобро ги потврдува овие промени и влијанија. И другите длабоки општествени промени на транзицискиот период во регионов се рефлектираат врз новите секции и членови на АИКА кои сè повеќе освен ликовни критичари се и независни куратори, музејски работници, директори на уметнички центри, како и професори и истражувачи специјализирани во областа на современата уметност кои делуваат во уметнички школи и факултети.
Важноста на воспоставувањето демократски режими и слободни модели на експресија, како и потребата од мобилност и почитување на вернакуларноста во времето на глобализационите политики ја наметнаа и потребата за организирањето на еден ваков семинар во Скопје; најмногу бидејќи главниот град на Македонија - Скопје посветува посебно внимание на современата уметност во своите уметнички институции и посебно на преведувањето на локалните и националните културни вредности на глобално ниво.
Семинарот ќе го отвори Директорката на Националната галерија Маја Крстевска, а целата програма ќе се одвива во Мултимедија центарот Мала станица – Национална галерија на 29 мај од 10 – 18 часот, а на 30 мај од 10-12 часот.
Презентациите ќе бидат на англиски јазик, а влезот е слободен.
Семинарот е поддржан од УНЕСКО и Швајцарската програма за култура
Македонија, а се одржува во соработка со Националната секција на АИКА и Националната галерија на Македонија - Мултимедијален центар Мала станица.

Учесници:
 
Тио Рамон Белидо, Париз
Дуња Блажевиќ, Сараево
Јара Бубнова, Софија
Зоран Ериќ, Белград
Алберт Хета, Приштина
Слободан Јовановиќ, Белград
Сузана Милевска, Скопје
Мелентие Пандиловски, Скопје/Аделаида
Сираго Тсиара, Солун
Ева Севасти Фотиади, Солун/Амстердам
Ана Франговска, Скопје
Бранка Чурќиќ, Нови Сад
Ирина Чиос, Букурешт


ПРОГРАМА

ВРЕДНУВАЧКИТЕ И ФОРМАТИВНИТЕ ЦЕЛИ НА УМЕТНИЧКАТА КРИТИКА ВО КОНТЕКСТИТЕ НА (ДЕ)ТЕРИТОРИЈАЛИЗАЦИЈА

Семинар во организација на АИКА – Меѓународно здружение на ликовни критичари

29 мај, 2009 
Скопје

29.05. (петок) Мултимедија центар “Мала станица” – Национална галерија

9:30-10:00 Поздравен говор 

- Маја Крстевска, директорка на Националната галерија

10:00-12:00 Културното наследство и современата креација

- Сузана Милевска, Дискурсот на институционалната критика и случајот на Музејот на
  современа уметност 
- Бранка Чурќиќ,  Помалку културно наследство, повеќе актуелизација на праксите
  на несогласување од минатото
- Јара Бубнова, (ќе биде најавено),
- Ирина Чиос (ќе биде најавено)

Модератор: Зоран Ериќ

12:00 - 12:30 пауза

12:30- 2:30 Национална и меѓународна распределба

- Дуња Блажевиќ, Што имаме заедничко?
- Сираго Тсиара, По теорија: пракса
- Мелентие Пандиловски, Биополитичкиот апаратус и културолошкиот пресврт
- Алберт Хета, Националната/интернационалната распределба од перспектива на   
  текстовите напишани за косоварските уметници во контекст на национални и  
  меѓународни изложби 

Модератор: Рамон Тио Белидо

2:30 - 4:00 пауза

4:00-6:00 Предавање уметност, публикување и истражувачки политики
- Зоран Ериќ, Центер за визуелна култура во МСУБ: Ревидирање на моделот на Отсекот за едукација/истражување
- Ева Севасти Фотиади, Комуникација/превод
- Слободан Јовановиќ, Одземени спомени
Модератор: Ана Франговска

6:00 - 6:30 Општа дискусија за идната улога на критиката