Ве информираме дека на ден 08.05.2009 (петок), со почеток во 20:00,  во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, ќе се отвори  шестата изложба на фотографии на Андон Давчев насловена како ,,Тигри”.
Изложбата ќе ја отвори директорот на Националната галерија на Македонија, г-ѓа Маја Крстевска и истата ќе трае до 17.05.2009 година.
Покануваме новинари, сниматели и фоторепортери да го проследат настанот.

Ви благодариме за соработката.
    НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА