Почитувани,
 
Ве известуваме дека на 11 април (сабота), со почеток во 20 часот, во Домот на културата „Антон Панов“ во Струмица групата Баклава ќе одржи промотивен концерт на музичкиот материјал од албумот „Калемар“. Влезот е слободен.
 
Најљубезно Ве молиме да ја проследите оваа информација до културната јавност преку Вашиот ценет медиум.
 
Однапред Ви благодариме и срдечно Ве поздравуваме,
Владимир Мартиновски,
Група Баклава