МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Во НAЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈA НА МАКЕДОНИЈА, во просторот Мала станица во Скопје
Во понеделник, 16 февруари 2009 се отвора изложбата
Разоткривање / Подвлечено сеќавање
Поглед на современата српска уметност

Изложбата ќе ја отвори Драган Недељковиќ, заменик министер за култура на Република Македонија, Зоран Поповиќ, амбасадор на Србија во Република Македонија и Александар Пековиќ, заменик на секретарот за култура на Град Белград.
Во организација на Културниот центар Белград, на македонската публика им се претставуваат 11 српски уметници со 18 дела кои се настанати во последните две децении.
По Музејот на модерна уметност во Сент-Етјен (Франција), Националната галерија на Македонија е втората станица на која ќе подзапре оваа изложба. Во текот на февруари и март на македонската публика ќе им се разоткријат уметници од различни генерации и поетика.
Мрџан Бајиќ (Ќе ти го дадам она што го немам и Trash, скулптури)
Аница Вучетиќ (Уочување, видео)
Габриел Глид (Органски мини бар и Шоферка, скулптури - инсталации)
Марија Драгојловиќ (Црна пудриера со сребро и Златна пудриера, слики)
Биљана Ѓурѓевиќ (Пиета (Мрзеливост) и Entombment, масла на платно)
Здравко Јоксимовиќ (За мене или за Вас, скулптура)
Душан Оташевиќ (Споменик на непознатиот шетач, инсталација)
Владимир Периќ (Исечок и Пајо Паторот, инсталација)
Милета Продановиќ (Rolling Skies III, Rolling Skies V, Rolling Skies VI, слики)
Александар Рафајловиќ (Street of Joy, фотографија)
Вера Стефановиќ (Портрет за мојата мајка / Портрет за мојата ќерка, видео)
Според изборот на кустосот Александра Естела Бјелица Младеновиќ (кустос во ликовната редакција КЦБ), која за оваа поставка доби награда од Друштвото на историчари на уметноста на Србија за најдобра авторска изложба во 2008, за изборот на делата пресуден беше квалитетот на продукцискиот чекор со кој овие автори поминале низ минатите 20 години.
Различните прашања кои откриваат недоумици и (само)увереност во дефинирањето на идентитетот (културниот, општествениот, политичкиот, националниот, личниот...) овие уметници настојуваат да објаснат со исказ кој за тематско почетна точка го има сеќавањето како категорија на креативен полет. Тие се служат со различни уметнички медиуми за бележење и складирање на сеќавањата, личните причини, интимните реакции, вистинските документи за човековото постоење се прикажуваат во различни форми – тука се фамилијарните албуми, скриените белешки за човековото однесување или за лична промоција во даден општествен контекст, духовити коментари за различни процеси на социјалното однесување и развој, алузии на општествено-политичките движења во блиското минато.
По Скопје, Разоткривање... ќе запре во Музејот на современа уметност на Р. Српска во Бања Лука, како и во Солун, каде што Србија ќе биде почесен гостин на Биеналето 2009.
Срдечно и со почит,
Културен центар Белград
Даворка Тодиќ Милосављевиќ
Односи со јавност, тел. 2622 757, 2621469, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.