Министерството за култура на Република Македонија, в недела во просториите на Македонската академија на науките и уметностите свечено ќе ја промовира едицијата „130 тома македонска книжевност“.

Промоцијата ќе се одржи во 13 часот во свечената сала на МАНУ, каде поздравна реч на овој ќе одржи претседателот на МАНУ, академик Ѓорѓи Старделов, а пред присутните ќе се обрати и претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски.

Едицијата ќе ја промовираат академиците Влада Урошевиќ, Катица Ќулавкова и Луан Старова.


Македонска книжевност стаса во книжарниците


"Македонска книжевност - 130 тома" е проект во кој на над 30.000 страници во интегрален вид се прикажани развојните процеси на македонската литература со сите жанровски, стилски и вредносни особености на бројните поети, раскажувачи, романсиери, драмски автори, критичари и есеисти...


Првите изданија на едицијата "130 тома македонска книжевност", чијашто промоција официјално ќе се случи утре, (13 ч.) во МАНУ, според ексклузивните сознанија на ВЕЧЕР, веќе од денеска ќе можат да се набават во книжарниците на Матица, Култура и Ватра. На промоцијата свое обраќање ќе има министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која на претседателот на МАНУ, академик Георги Старделов, ќе му подари пет комплети од изданијата. Пред присутните ќе се обрати и претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски.

"Македонска книжевност" - 130 тома е проект во кој на над 30.000 страници во интегрален вид се прикажани развојните процеси на македонската литература со сите жанровски, стилски и вредносни особености на бројните поети, раскажувачи, романсиери, драмски автори, критичари и есеисти...
- Реализација на проектот значи потврда и афирмација на високите литературни вредности создавани во Македонија, а претставува и поддршка во динамизирањето и зајакнувањето на издавачката дејност, библиотекарството, книжарството и печатарството, вели Анита Јованоска, портпарол во Министерството за култура.

Инаку, проектот е збир на избор на литературното творештво од сите жанрови и од сите генерации македонски и писатели од националните заедници во Македонија. Целта на проектот, прв од ваков вид и во ваков обем, додава Јованоска, е да се прикаже богатата и слоевита слика на високите и неоспорни книжевни вредности, а со тоа да се даде нов поттик во творештвото.
Едицијата, која се издава по иницијатива на Друштвото на писателите на Македонија, ќе ја промовираат акад. Влада Урошевиќ, Катица Ќулавкова и Луан Старова. Настанот ќе биде збогатен и со музичката изведба на маестро Драган Даутовски.

По промоцијата, дел од изданијата, преку Издавачот "Микена" ќе се најдат низ книжарниците, а поголемиот дел Министерството за култура ќе ги подарува низ образовните и културните институции.