Скопје, 27 декември (МИА) -  Музеите и заводите од земјата на археолошка изложба утре во Музејот на Македонија ќе ги презентираат резултатите од археолошките истражувања реализирани во текот на 2008 година.

Ќе бидат изложени откриените материјали на локалитетите Скупи, Таор, Стоби, Стибера, Хераклеја, Плаошник, Енгелена, некрополите на Марвинци, Вардарски Рид, Цареви Кули, Виничко Келе, Исарот - Штип, Баргала, кастелот кај Кожле и Тетовското Кале.

Изложбата е во организација на Владата на Република Македонија. сс/дма/11:06

Скопје - Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски ќе ја отвори изложбата на која ќе бидат презентирани археолошките истражувања во текот на 2008 година. (Музеј на Македонија/12:00)