Tiveriopol.Alijansa.jpg


В петок, утревечер, на 26 декември, со почеток во 19,30 часот, во малата сала на НУЦК Антон Панов во Струмица, Тивериополската филмска алијанса ќе прикаже три кратки филма режирани од струмички автори. Тоа се филмовите: дваесетиосумминутниот Секс, дрога и рокенрол на Јани Бојаџи произведен од Глобалмедиа, дваесетминутниот Адиос (Разделби) на Горан Тренчовски во продукција на МТВ, како и тринаесетминутниот Пишта на Киро Урдин во негова приватна продукција. Со оваа проекција завршува овогодинешниот циклус на Тивериополски филмски вечери, а по Новата година, секој месец, ТФА повторно ќе организира филмско-уметнички сеанси, во пресрет на јубилејното, петто издание на филмскиот фестивал Астерфест кој ќе се одржи на крајот од мај во Струмица.