Уметнички дела создадени на Интернационалната кичевска ликовна колонија вечерва, во 20 часот ќе биде отворена во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје. Ќе бидат претставени дела од дваесетина уметници од земјава, САД, Србија, Турција, Кипар, Црна Гора, Албанија, Франција и од Хрватска.

Изложбата ќе ја отворат Маја Крстевска, директорка на Националната галерија на Македонија и градоначалникот на Кичево, Владимир Толески.

Ова е е 15-то издание на колонијата, која се одржа летово во репрезентативниот објект Куќа на уметноста, на живописна локација во идиличното село Кнежино. Во Куќата на уметноста има соодветен простор за сместување на делата, простории за организирање курсеви, изложби, презентации и перформанси.

Во рамките на колонијата досега се создадени околу 2.000 дела, во разни техники од околу 600 уметници од цел свет.