Историскиот спектакл "Кво вадис" на режисерот Мервин Лерој, од 1951 година, ќе се прикаже вечерва и утре во 20 ч. во Кинотека. Филмот е снимен според романот на нобеловецот Хенрик Сјенкиевич, во најдобрата холивудска традиција на историскиот спектакл - продукција со гламурозни сцени, сценографија, костими и големи актерски имиња. Сето тоа илустрирано со музиката на Миклош Роза. Филмот ги прикажува почетоците на христијанството во Европа и почетокот на падот на Римското царство. Играат Роберт Тејлор, Дебора Кер, Лео Ген, Питер Устинов.