Поети од Белгија вечерва во 21 часот ќе одржат поетски перформанс во кафе-книжарницата„Магор“.Тие учествуваа на поетска работилница што во минатата недела се одржа во Струга. Дел од нив настапија и на Струшките вечери на поезијата, каде што ја одушевија публиката со перформанс во кој стиховите ги комбинираат со театарски движења, музика и ритам. На поетската вечер тие ќе зборуваат и за светското современо поетско творештво. Во „Магор“ ќе присуствува и почесниот конзул на Кралството Белгија во Македонија.