Редакцијата на списанието за литература и култура „Корени“ од Куманово ќе го прогласи денеска писателот Венко Андоновски за есеист на годината.
Комисијата во состав Александар Прокопиев, Билјана Станковска и Добривоје Стошиќ реши ова исклучително признание за развој на македонскиот есеј во литературата да му го додели на авторот на романите „Папокот на светот“ и „Вештица“.
Ќе бидат доделени и наградите од конкурсот за есеј што редакцијата на „Корени“ го распишува, годинава, третпат.
Меѓу наградените се двајца автори од Македонија и еден од Хрватска.
Во образложението за наградените есеи комисијата наведува дека тие се издвојуваат со длабок и слоевит израз, но и со широк зафат во естетскиот приказ на интимното како појдовност кон општите, а суштествени вредности на животот.