Скопје, 4 јуни (МИА) - Во рамки на кампањата за зачувување, користење и модернизација на македонската кирилица денеска во 11 часот во Стопанската комора на Македонија ќе се одржи трибина насловена „Кирилицата и информатичката технологија“.

На трибината со свои излагања и дискусии ќе учествуваат 30-тина професори, експерти од областа на информатиката, автори, графичари и дизајнери.

Ова е втора трибина во рамки на кампањата за зачувување, користење и модернизација на македонската кирилица.  Првата трибина насловена „Кирилицата - од каде доаѓа и каде оди“ се одржа на 22 мај. Во рамки на проектот „Додека пишувам на кирилица, постојам!“ на плоштадот Македонија на 26 мај се одржа и голем хепенинг на пријателите на Кирилицата. 

Кампањата, со мото „Го чувам своето - додека пишувам кирилица постојам!“, почна на 23 април и ќе трае до 10 јуни. Иницирана е од маркетинг агенцијата „Идеја плус комуникации“ и  Македонската информативна агенција - МИА, а поддржана од научната и уметничката јавност, од институции, бизнис-заедницата и од медиумите. рп/вј/8:01