ВОЛОНТЕРИТЕ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ВО САБОТА ЌЕ ТАНЦУВААТ НА ПЕСНАТА
„HAPPY“
Заедничко танцување, познато како флеш моб, на секој плоштад и во секој град во земјава, каде има  канцеларија на Црвениот крст на Македонија, ќе се случи во сабота, точно на пладне, како финале на  одбележувањето на Неделата на Промоција на хумани вредности, (21 – 27 септември).
За таа цел, подготвена е и кореографија на песната „Happy”, („Среќен“) од Фарел Вилијамс, од страна  на професионален танчар.
Волонтерите  од општинските организации на територија на градот Скопје ќе танцуваат заедно на плоштадот Македонија, пред Ристиќиевата палата.
-
Целта е преку танцувањето младинците да испратат порака за разновидноста на културите и  толеранцијата, дијалогот и соработката, заемната
доверба и разбирањето, како најдобри гаранции за  мирот и соживотот, а ние како претставници на Црвен крст имаме одговорност да дејствуваме –
велат  организаторите.
Во рамките на Националнат а програма на Црвен крст на Р.Македонија, Црвен крст во акција  - промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), која веќе 17 години се спроведува во Македонија, младите учат за културата како систем на вредности, за културата на дијалог како основен предуслов
за  градење на интеркултурно опшество, и при тоа се поттикнати да бидат активни и да изработуваат  мали проекти за добробит на заедницата.
Секоја година, покрај обуката за дисеминација, 1200 младинци од цела Македонија на возраст од 14  до 18 години, добиваат  и обука како да изработуваат мали проекти за добробит на своите заедници.
Оваа година, од страна на младинците учесници во ПХВ циклусот 2013  - 2014, изработени се рекордни  210 мали проекти, преку кои им е директно помогнато на 4055 лица.