Книгата „47 македонски композитори“ од авторот Марко Коловски, во издание на Сојузот на композиторите на Македонија, ќе биде промовирана денеска напладне во просториите на киното „Фросина“. На промоцијата ќе говорат Јане Коџабашија и Живоин Глишиќ

 

Марко Коловски

Во книгата се содржани портрети од четириесет и седум македонски композитори - од првата генерација до најмладите автори, со исцрпна биографија и со целосен попис на нивниот творечки опус. Благодарение на долгогодишното занимавање со македонското музичко творештво, Коловски успева на околу 240 страници да го опфати со „еден поглед“ творештвото на оние автори што ја градат историјата на македонската музичка култура.

Освен најафирмираните претставници на првите генерации македонски автори, во книгата се содржани портрети на дваесетина млади автори за кои во досегашните публикации може сосема малку да се прочита. Книгата содржи податоци за околу пет илјади композиции од застапените композитори, класифицирани според нивната жанровска припадност и вид. 

 http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=5291482301&id=16&prilog=0&setIzdanie=23186