КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА


Изложба на Благојче Наумовски


Во Кинотека на Македонија во Скопје вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата "In-out-energy-in-out-illumination" на авторот Благојче Наумовски. Наумоски дипломирал во 2007 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, насока сликарство во класата на проф. Рубин Корубин, а во 2009 година магистрирал кај проф. Јован Шумковски. Од 2007 година е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), а во 2009 година станува член на групата Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т и активно учествува во сите негови проекти. Исто така, има учествувано и на неколку групни изложби во странство како и на домашни колонии. Во изминатиов период Наумовски има реализирано девет самостојни и повеќе групни изложби.