ПРЕМИЕРА НА ПРЕТСТАВАТА
ДУХОТ НА СЛОБОДАТА
Режија Лука Кортина

Новата театарска претстава „Духот на слободата” во продукција Н.У.Ц.К. “Трајко Прокопиев ”-Театар Куманово  во режија на Лука Кортина, својата премиера ќе ја одигра на 14  ноември 2012г. со почеток во 20 часот на сцената на народниот театар.
„Духот на слободата“ е интереснa естетскa режисерска постапка каде севкупноста на претставата зависи од паралелно прераскажаните минато, сегашност и иднина (содржани во драмскиот текст) коишто истовременето го градат внатрешниот и надворешниот детаљ на приказната во која секој лик постепено станува другиот заземајќи го просторот и себноста на останатите ликови.


Околу текстот Духот на Слободата на Горан Стефановски
Духот на Слободатаe насловот на недовршениот порачан текст на В. Чернодрински, “допишан од”  Г. Стефановски, театарски проект од една иста приказнаво три дела (минато, сегашност, иднина)со футуристичка глобална визија за човековото ропство и слобода, за формулата и деформирањето на слободата.  Дилемата на Маноил(носителот на „трагедијата” во семејството)од Минатото е да се реализира себе си како сопруг или да го победи законот над татко си и да се реализира како борец пред судот на народот во предвечерието на револуционерното Крушево/значи,  да се избори сам за својата слобода или друг да чека да го стори тоа за него. Во Сегашноста таа дилема добива нов контекст:на претставата за Америка, како утопистички концепт за иднината- за слободата, на сликата за американскиот сон и се спротивставува сликата на среднокласно, носталгичарско македонско семејствона Маноил кој никако не можеда замине од Дебар маало. За Стефановски во неговите проекции за Иднината- една декадентна, ако не и претерано индивидуална визија за светот,правото на избор не постои, дилемите се избришани, а светот функционира како шпанска серија. Слободата е угнетувачот и угнетуваниот, жртвата и злосторникот.
Режисерот Лука Кортина за претставата
Слободата или ја има, или ја нема.
Не постои “малку” слобода или “скоро” слободен/а.
Има една приказна дека постои страв од онаа слобода што ја обива социјалната сигурност и го доведува во прашање она што ни е дадено и кое во крајната фаза нè доведува против себе си. Тоа е оваа моментална приказна. Организиран хаос од моменти.
Моментите остануваат.
Последниот напад е емоцијата, не чувствата, ами емоцијата зашто таа останува. Приказната е една та иста: еден човек сака да  направи нешто и тоа не му успева.
Во претставата еден актер толкува повеќе ликови, односно еден ист лик кој во драмскиот текст Стефановски социјално и темпорално го трансформирал од минатото, во сегашност, и иднина, е игран од различни актери кои дејствуваат во паралелното плетење на трите различни временски приказни и контекстуални врски. Ова образложува еден од начините на кој е тука е третиран и проблемот на идентитетот; дообјаснет со фактот дека името не (го )претставува идентитет(от).
Многу луѓе го носат истото име. Ако името е идентитет, тогаш што ги разликува луѓето едни од други? Зарем презимето? Но и во овој случај статистиката ни покажува дека не сме се обезбедиле од совпаѓањата. Повторно, што нè разликува? Физичкиот изглед, времето и просторот во коишто се живее или евентуално наочарите и облеката?(Нешта што може едноставно и брзо да се менуваат).
Многу луѓе имаат слична судбина и слични околности на живеење. 
Да, сите се раѓаат еднаш или повеќепати, сите ќе умрат. Но можеби сите се/сме само отсјај на едно исто ЕГО што го носи тоа (исто) име, нешто слично на божевство или на ѕвезда.
Како зрак од сонце во крошната на маслинката или на жалната врба.
Како лица на Брак и Пикасо,
Како футуристички прошетки.
Како удари со четката на Ван Гог и Сем Бенели.
Во оваа претстава на некој начин е сместено едно (апсурдно) наследство, што не е е психолошка, ами  трагична грешка.
1.Претставата е мозаик на слични ситуации во различни социјални контексти.
2.Претставата е ју/тјуб сурфање.
3.Претставата е вистината, додека остатокот од светот глуми.
Сакаме да ви раскажеме како се уништуваме.
Гледајте!

Драматургот Билјана Крајчевска за претставата

Слободата на создавање е поврзано со способноста за креирање на индивидуални и колективни слики.
Oвој театар  e една таква слика , нешто како што нашиот живот, нашето дејствување не е ништо повеќе одколку нечија слика за нас. Нечија наша слобода.
Овој текст  е драматуршки преработен во не хронолошки слики од минатото, сегашноста и иднината односно монтажни паралелни исечоци на  еквивалентните ситуации, не со единствена цел  да се депозиционира логичниот резултат на драмското писмо туку ако ништо во животот не е така загарантирано, зациментирано така и овде се менуваат мошне динамично состојбите и ситуациите создавајќи ни билокаква илузија која секогаш одново ќе ја скрши фрустрираната несреќна околност што ја создале самите приказни во нив. Ситуациите се редат како игра на прислушкување.
Оваа театарска игра не инсистира на давање одговор, туку на поставувањето прашања за слободата  во текот на  едно дистописко доба на живеење каде идеитее нè манипулираат каде  и слободата нè  манипулира, каде човекот денес  не случајно е третиран како споменик од  минатото на македонската историја(Л.Кортина).
Оваа претстава ја сместувам  денес ( еднаков на вчера еднаков  на утре), точно помеѓу континуитетот на ропството и иновацијата на слободата.

 

 

 

 

Авторска екипа

автор на текст:
Горан Стефановски

режија:
Лука Кортина


драматург:
Билјана Крајчевска
Играат:
Кети Дончевска Илиќ
Горан Илиќ
Јасмина Василева
Димитрија Доксевски
Стефанија Зисовска
Мирјана Поповска Ристов
Мирослав Петковиќ
Александра Пешевска
Драгиша Димитријевски
сценографија:
Сашо Попoвски

костимографија:
Елена Спасовска
музика:
Дарија Андовска

организатор:
Јулија Чукчукова

Почитувани
Ќе ни причинува особена чест и задоволство да присуствувате на премиерата закажана во среда на14 ноември во 20.00 ч. на сцената на народниот театар во Куманово.