ТРИ НАСТАНИ ВО РАМКИТЕ НА СКОПСКО ЛЕТО
Изложба, претстава и филм во една вечер


Три настани на различни локации - вечерва во рамките на Скопско лето љубителите на уметноста ќе имаат можност да бираат помеѓу изложба, театарска претстава и филм. Во Мала станица во 20 часот своите графики на изложбата насловена како Четири елементи" ќе ги претстави авторката Шќипе Мехмети. На летната сцена на платото пред Универзална сала (21 часот) ќе се одржи театарската претстава Приказна од предивоо во продукција на Театар Илковаа од Софија, Бугарија. Автор и режисер е Стефка Минева, а актер Катерина Илкова. Плетачката во претставата во корпата ни носи клопчиња од предиво, игли и други интересни работи со чија помош ќе ни ја раскаже приказната за принцезата Павлушка...

Во забавниот парк Лунаа, пак, ќе биде прикажан ирско-американскиот филм Предавство", акциски трилер со Антонио Бандерас, Мајкл Даглас, Јуан Мек Грегор и Џина Карано во главните улоги.