Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 16.07.2012 година (понеделник), во 20 часот ќе се отвори самостојна изложба на академската сликарка Дита Старова Ќерими.

 Дита Старова Ќерими е родена 1984 година во Скопје. Завршила Факултет за ликовни уметности во Скопје, во класата на проф. Симон Шемов.
 Таа е магистер по ликовни уметности, асистент на Факултетот за архитектура и дизајн на Американскиот колеџ во Скопје.
 Работи и како ликовен уредник во издавачката куќа Серембе во Скопје.
 Член е за ДЛУМ, здружението Арт Визион и ДРАУДАКУМ.
 Позади себе Старова Ќерими бележи неколку самостојни и голем број групни изложби во земјата и странство.
 Делата насловени како Колоритни вибрации се најновата тематика со која Старова Ќерими ќе се претстави пред ликовната јавност.
 Изложбата е и во склоп на манифестацијата Скопско лето.

 Изложбата ќе ја отвори г-а Халиде Палоши, директор на Националната галерија на Македонија.


 Со почит,

 Национална галерија на Македонија