Информација за печат

Арс Акта Институт за уметности и култура учествува на фестивалот на креативни индустрии „Скопје креатива“ 2012, со изложбата Визуелни индустрии .

- Арс Акта Институт за уметности и култура
(Арс Акта тим: Бојана Јанева Шемова, Радмила Ончевска, Борис Шемов, Игор Сековски и Ана Франговска)
„Арс Акта“ Институт за уметности и култура се залага за промовирање на нови уметнички дисциплини, технологиии и медиуми, како и за интегрирање на уметноста и културата низ најразлични форми во институционални и вонинстиционални дејствувања. Веруваме дека со негување на интердисциплинарен пристап во креирањето и промовирањето на уметноста и активно вклучување на заедницата, се влијае врз развојот на цивилното општество, социјалниот развој и кохезија, а со тоа се придонесува кон посилен граѓански активизам во областа на културата и уметноста.

- Изложба Визуелни индустрии
(куратор Ана Франговска)
Концепциската призма на Визуелни индустрии комуницира директно со прашањето за културните индустрии кои како актуелни значенски едиции во културата на глобален план особено доминираат со неа во последниве неколку години, но за жал со видоизменети, деформирани критериуми за нивна имплементација и употреба во културниот систем. Ценејќи дека суштината на културните индустрии е од исклучителна важност за верификација на врските меѓу уметничкиот производ и неговата маркетиншка страна, т.е. неговата понуда на маркетот во рецентно време, се наметна идејата за предложениот проект Визуелни индустрии.
Целта на овој проект е да се даде значаен придонес во рамки на имплементацијата на културните индустрии во Македонија, во вистинската смисла на самиот термин и да се влијае врз востановените принципи и визуелни предзнаења за презентација и рецепција на дизајнот, плакатот, мега-плакатот.
Одбран е билбородот како медиум за реализација на овој проект бидејќи во рамки на популарната култура, веќе долги децении има особено значење и комерцијална маркетиншка моќ, а со тоа доби сериозна димензија во градењето на граѓанскиот вкус за перцепција на уметноста на дизајнот и на рекламирањето.
На проектот учествуваат со свои дизајни следниве уметници: Марија Ветероскa, Марко Манев, ОПА, Елпида Хаџи-Василева, Жанета Ванѓели, Нина Георгиева и Дамјан Цветков Димитров, Борис Петровски, Иван Дургутовски, Ирена Паскали и Искра Димитрова, а секој од авторите одбира свој неконвенционален бренд кој ќе го „рекламира“. Во прилог Ви ја праќаме мапата со локациите на арт билбордите.

 

Со почит,
Игор Сековски, хххххх