12.06.2012 - 14:24 | Македонија
Анимираниот филм Македон за херојот кој се бори против вознемјаните, креативна облека, проширена перцепција на нештата околу нас гледана преку камерата на мобилниот телефон.


Ова се само дел од креативните проекти на група млади луѓе кои ќе бидат прикажани на првиот фестивал на креативни индистрии Скопје Креатива.

Младите сметаат дека во Македонија има многу креативни луѓе чиј капацитет треба да се искористи.

Целта на овој проект е да се реализираат низа активности кои треба да го дефинираат концептот за отварање на Центар за креативни индустрии.

- Се надеваме дека ќе ги стимулираме младите луѓе да ја истакнат својата креативност и да создадат сосема нови, несекојдневни неконвенционални производи. Град Скопје ќе им ги овозможи сите потребни услови на младите за тие да можат сосема слободно да творат исто како младите луѓе во Љубљана, Загреб или Марибор, рече Трајановски.

- За да стане Креативно Скопје, треба да создаде простор и организација околу кои ќе се собираат и ќе ги продуцираат талентираните и способните граѓани, притоа создавајќи производи и услуги доволно интересни и привлечни за да остварат одреден економски бенефит.  За остварување на оваа идеја, секако е потребен голем простор, можеби најдобро решение би било тој да е надвор од центарот на градот, по примерот на многу земји во Европа и во светот, каде што за таа намена се користат напуштени фабрики, магацински простори, коишто со реконструирање и адаптирање би можеле да се претворат во нови креативни центри, истакна Балаќ.

Фестивалот кој е на град Скопје ќе се одржи од 14 до 16 јуни во градскиот парк во атрактивно архитектонско решение наречено игло.

Елена Бошковска -Сител

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/prv-festival-na-kreativni-industrii-vo-skopje