ДЕБАТА:

Ве известуваме дека на 23.12.2011 год.(Петок) со почеток во 12.00 часот во просториите на Кинотека на Македонија ќе се одржи дебата на следниве теми:
- БАЛКАНСКИ КОНКУРС ЗА ФИЛМСКИ СЦЕНАРИЈА
- Со кој концепт  до нови сценарија?
Филмскиот фонд последниве две години распишува конкурси за доделување на грантови на нови идеи за пишување на прв драфт на сценарио со цел да се стимулира пишувањето на нови сценарија.  Дали ова иницијатива е добра и треба да се прошири на повеќе доделени грантови или оваа идеја треба да се модифицира?
Една од идеите е да се распише Балкански Конкурс за филмски сценарија на кој би учествувале и автори од целиот Балкан. На дебатата ќе се дискутира за можноста за објавување на ваков конкурс, со цел дефинирање на концептот на поддршка за развој на филмски сценарија на македонски јазик.
Ве молиме и Вие со вашето присуство и идеи да дадете свој придонес кон дефинирањето на насоките и концептите за нови идеи и нови сценарија како еден од битните чекори  за развојот на Македонската кинематографија.
Пријава на присуство најкасно до 22.12.2011 год. на тел. 3224 100 или на mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Со почит,
Филмски Фонд на РМ