„Вистински избор на 13 универзитети од Југоисточна Европа – Претприемништвото во фокус“

  Скопје, 7 јули 2011 – Од 7-10 јули Универзитетот Американ Колец Скопје ќе биде домаќин на 4. Годишна Летна Академија 2011 на универзитетите од Мрежата Решица - Академска мрежа за претприемништво и иновации на универзитети од Југоисточна Европа.

 „Поддршката од Институтот за европски прашања и Германската служба за академска размена не се доволен поттик за работа на мрежата, вистинската вредност е во ангажираноста на  дванаесетте универзитети- членки од осум земји. Благодарни сме на Универзитетот Американ Колеџ Скопје што превзема активности за унапредување на работата на мрежата и нејзината промоција особено што е единствен универзитет претставник од Македонија. Нашата мисија ќе биде постигната кога академската основа ќе се стави во служба на развој на бизнис секторот, а овогодинешната работа на Академијата е во таа насока.“- изјави почесен проф. д-р Питер Шулте, експертски советник за меѓународна универзитетска соработка од Институт за европски прашања со седиште во Дортмунд, Германија кој ја прогласи Академијата за отворена.

 

Повеќе од 30 универзитетски професори од Германија, Романија, Словенија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија прават стратегија за начините на кои може да се поддржи претприемачкиот развој и тоа преку развој на заедничка програма за последипломски студии за претриемништво , размена на студенти и професори како и организирање на вонпрограмски активности помеѓу универзитетите со цел зголемување на интеракцијата помеѓу студентите и нивната изложеност на деловните пракси во меѓународни работни средини.

 

Овогодинешната Академија финансиски ја поддржаа Германската служба за академска размена, град Скопје, Јавно транспортно претпријатие, Винарија Скопвин, Горска Вода и Универзитет американ Колеџ Скопје.

 

Свеченото отпочнување на работата на Академијата 2011 е отворено за медиумско покривање, а ќе се одржи на 8ми јули во 9.15 часот, Амфитеатар IV кат, Универзитет Американ Колеџ Скопје. Највете се на 078 455 245 кај Љубица Короскоска доколку сте заинтересирани за изјава од гостите и домаќините.

 

***

 За мрежата РЕСИТА (формирана 2008 г.):

Иницијатор за формирање на мрежата е Институтот за европски прашања (www.inea.net) лоциран во Дортмунд, Германија, а во мрежата членуваат: Универзитет Вормс за применети науки, Универзитет Биркенфилд - Германија; Универзитет Белград - Технички факултет Бор - Србија; Универзитет Решица, Универзитет АЕС Букурешт, [] Политехнички Универзитет Темишвар – Романија; Универзитет Русе – Бугарија; Универзитет на Црна Гора - Црна Гора; Универзитет Тирана – Албанија, ГЕА Колеџ.

 За повеќе информации за Универзитет Американ Колеџ Скопје- www.uacs.edu.mk