Скопје, 8 јуни 2010 (МИА) – Под мотото „Уметниците со љубов за името“ вечер нa плоштадот „Македонија“ ќе се одржи концерт насловен „Македонија е нашето име“.

На концертот ќе настапат познати уметници и музичари од македонската естрада меѓу кои Борис Трајанов, Славица Галиќ-Петровска, Драган Даутовски, Васил Атанасов, Ефтим Клетников, Андријана Јаневска, Влатко Илиевски, Некст Тајм, КУД „Кочо Рацин“, КУД „Орце Николов“, ....

Поетот Ефтим Клетников на прес-конференција информира дека се работи за една енергија на љубов, самопочит и самопотврда во овие, како што ги нарече, тешки времиња за нас, бидејќи 20 години се врши притисок врз Македонија да го промени името. Според него, тоа е единствен пример на таков начин да се отстрани народот од својот идентитет.

- Името еднинствено Македонците го сочувале низ историјата, биле истерувани на голгота, но го зачувале. Ние сме изведени сега на софистицирана, перфектна голгота, со еден потег да се избришеме и тоа без крв и без битка. Мислам дека уметниците се тие кои по дефиниција го тангираат идентитетот, се сложија да ја дадат духовната енергија и да покажеме дека постоиме и ќе постоиме под изворното име, кое не го даваме и имаме право да го чуваме и да го заштитуваме. Со овој акт се прекршуваат сите меѓународни и правни норми на индивидуалното и колективното право на човековите слободи, рече Клетников.

Баритонот Борис Трајанов посочи дека уметниците и научниците се пред се индивидуалци со свои ставови за тоа што треба да се прави, но, како што потенцира, сите ги поврзува тоа што се чуствуваат како Македонци.

– Ние не треба да преговараме туку да разговараме за името со Грација. Ако тие сметаат дека Македонија била грчка, дека народот што живеел во античко време бил грчки, тоа е нивно право, ние си знаеме што сме, но имаме една заедничка судбина и наместо да преговараме за тоа како да го смениме треба да разговараме како тоа име да биде уште посветло и поблескаво насекаде низ светот, појасни Трајанов.

Тој смета дека името „Македонија“ треба да ги поврзува нашата татковина и јужниот сосед. За него тезата дека Македонците се скептици за влез во ЕУ бидејќи сакаат да си го задржат името е нелогична, бидејќи, како што посочи, тие сакаат да се во Европа, но не преку непристоен предлог.

Идејата за концертот, според Васил Атанасов, е да упатат уште еднаш порака до Европа дека уметниците со љубов прават нешто за Македонија и ја претставуваат пред светот.сс/скс/8:05

светот.