Ве информираме дека на ден 03.06.2009 год. (среда), со почеток во 10:30, во Националната галерија на Македонија, објект Мала Станица ќе се одржи прес конференција по повод Форум Скопје 2009, интернационален проект од областа на архитектурата и урбанизмот со наслов „Афтершок на постмодернизмот“. 
 
Форум Скопје 2009 ќе се одржи од 8-14 јуни 2009 и ќе обработува теми поврзани со моменталните проблематики со кои се соочува Скопје, а за нив ќе зборуваат странски и домашни експерти.

 

 Покануваме новинари, сниматели и фоторепортери да го проследат настанот.

 

 Ви благодариме за соработката.


                                                           НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА