В понеделник почнува со работа телевизијата „К-15“, која е во сопственост на популарното ТВ-трио Љупчо Каров, Бранко Огњановски и Васко Тодоров, попознати како Цацко, Миле и Тошо. Тие го купија музичкиот канал МС и го остварија својот долгогодишен сон. Велат дека телевизијата ќе нуди многу забава, хумор, музика, но и информативни емисии. Програмската шема е веќе готова, но вистинската форма ќе ја добие во септември, бидејќи поради летните одмори нема да можеме одеднаш да реализираме се' што сме замислиле. Немаме национална концесија, но ќе се потрудиме, со помош на други телевизии, некои од содржините да се емитуваат низ цела Македонија. „К-15“ има и други два канала, „К-15 мјузик“ и BOM (Best of Macedonia), кои се ставени во функција и, пред се', наменети се за нашите иселеници во странство - вели Бубо Каров.Тој објаснува дека од досегашното искуство во другите телевизиски куќи научиле како не треба да се работи и дека ќе имаат сосема поинаков пристап кон гледачите. Свесни се дека народот очекува многу од нив и тоа е единствената причина од која имаат трема. Во овој момент успеавме да ја реализираме оваа идеја, која постои од многу одамна. Ова е ефект од нашиот долгорочен труд и работа во изминатите 15 години.

 (М.А.)



Драга Редакцијо, Ви посакуваме упешна работа!

Длабоко веруваме во Вас и немаме сомнеж дека и на ова медиумско поле, ќе ни бидете вистинки асови.

Преминпортал