Македонската младина заедно со најголемите светски успешни менаџери

Во периодот од 22 – 25 јануари во Скопје и Тетово се одржа вториот по ред бизнис иновативен форум чиј фокус е иновативноста и поддршката на иновативноста преку регионална и интернационална соработка во четири панел дискусии.
Во рамки на форумот гостуваа повеќе репрезентативни светски успешни менаџери кои преку разни презентации и панел-дискусии го пренесоа своето искуство и знаење на присутната публика.
Најинтересна за младите била презентацијата на турскиот претприемач и бизнис-ангел, Бајбарс Алтунтас, чие богатство е проценето на повеќе од 50 милиони долари. Алтунтас одржи презентација на тема „Како да го направите својот прв милион?“ и со тоа го привлече вниманието на најмладите, кои иднината ја гледаат во бизнисот и претприемништвото.
Учениците од повеќето скопски гимназии имаа можност да се запознаат со овој турски милионер и да го разговараат повеќе за своите идеи и амбиции.


ВО ПРИЛОГ НА МЕИЛОТ ВИ ИСПРАЌАМЕ ФОТОГРАФИЈА НА КОЈА ЗАЕДНО СЕ УЧЕНИЦИТЕ ОД ГИМНАЗИЈАТА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ И ТУРСКИОТ МИЛИОНЕР АЛТУНТАС
Однапред ви благодариме за споделување на информацијата.
Со почит,
Викторија Китаноска
Прес центар на Популарно.мк