За прв пат во Македонија ке го одбележиме Денот на Пулмонална Хипертензија во Недела 4 Мај .Здружението АПХ Момент Плус –Македонија како член на Европската асоцијација на пациенти за ПХ (ПХЕвропа)по повод Светскиот ден на пулмонална хипертензија 5Мај под мотото ОСТАНИ БЕЗ ЗДИВ ЗА ПХ која е глобална светска кампања за подигање на свеста за ПХ ,во недела на 4 Мај со почеток од 12 час организира со почесен маратон од 4км и културно забавна програма во Гевгелија.
 Приклучете се кон кампањата по повод Светскиот ден на пулмонална хипертензија и единствена цел: Рана дијагноза ,третман и пронаоѓање лек .
ДА ЈА ПОДИГНЕМЕ СВЕСТА ЗА ПОСТОЕЊЕ НА Пулмонална (Белодробна)Хипертензија Дојдете и останете без здив за пациентите со ПХ за момент.
За еден пациент со ПХ 6 мин пешачење е како еден маратон.
 Пулмоналната хипертензија (PH) е тешко заболување со кое сериозно се ограничува работата на телото и може да заврши со смрт. Таа сериозно влијае врз секојдневните активности. Може да предизвика серија од различни други заболувања (на пример, белодробни или срцеви заболувања или згрутчување на крвта), но и други за кои причините не се непознати. Во некои случаи таа е наследна.
Пулмоналната хипертензија се појавува во разни форми, од кои некои се и ретки. Без разлика, се појавува независно од возраста или етничкото потекло и може секој да ја добие.
Нешто што е толку нормално и потребно за живот, како дишењето, може да биде голем напор за луѓето со пулмонална хипертензија, што понекогаш може да ги уплаши или обесхрабри. Додека за повеќето од нас дишењето е автоматско, за луѓето со пулмонална хипертензија секој здив е предизвик. Затоа е важно луѓето со пулмонална хипертензија да добијат коректна дијагноза за да добијат пристап до потребните терапии препишувани за вакви пациенти и да се продолжи со иновативни истражувања за нови и подобрени третмани сѐ додека не се пронајде лек. Овие побарувања може да се изведат преку две релативно едноставни решенија, кои не само што водат кон подобрување на резултатите од третманите за пациентите со хипертензија, туку и кон намалени трошоци за здравствениот систем и за општеството.
Преку воспоставувањето на центри за експертиза за дијагностика, третман и справување со пулмонална хипертензија ќе се добие гаранција дека луѓето со неа или оние со голем ризик за добивање на истата се дијагностицирани и третирани од лекари што имаат големо искуство со оваа болест и дека ќе помогнат да се намали потребата за препишување скапи лекарства. Преку поддржување и промовирање на иновативни истражувања ќе се гарантира дека ќе се развиваат нови и подобрени терапии сѐ додека не се пронајде лек. Дишењето за луѓето со пулмонална хипертензија не претставува комфор, а центрите за експертиза и центрите за иновативни истражувања може да придонесат кон враќањето на овие луѓе во нормала. Не треба да чекаме, туку да дејствуваме веднаш.
 
 

Апел до сите граѓани кои се среќаваат со симтомите карактеристични за Пулмоналната Хипертензија или се дијагностицирани слободно да се јават во здружението „ Асоцијација за Пулмонална Хипертензија Момент Плус -Македонија“
Претседател:
Ќаева Ѓургица
077 883 540
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
http://www.phmomentplus.com.mk/