Повардарската и Скопската епархија на МПЦ ја продолжуваат Мисионерско-хуманитарната дејност и годинава ќе ја организираат традиционалната групна крштевка на Матка. Групното крштевање на возрасни (над 14 години) во манастирот Св. Богородица" на Матка и во водите на реката Треска е предвидено за 4 септември 2010 година во присуство на Неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.
Крштевањето ќе го изврши Неговото високопреосвештенство митрополитот повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители.
Од Повардарската епархија информираат дека в понеделник на 30 август и во среда на 1 септември со почеток во 18 часот во храмот Св. Петка" во населбата Црниче во Скопје ќе се одржат катихуменски (подготвителни) средби со цел запознавање со основните вистини на православната христијанска вера, смислата и суштината на крштевањето. Годинава досега се пријавени околу 70 верници.

Сите кои сакаат да учествуваат во групната крштевка можат да контактираат

 со Епархијата на 075/ 542-576;

071/992-136                  

 Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.