ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ ВО ЧЕСТ НА СВЕТИ ДИМИТРИЈА СОЛУНСКИ И И СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ВО СОЛУН И ВЕРИЈА
НА 09 И 10 НОЕМВРИ 2013 ГОДИНА 2 ДЕНА СОЛУН И МЕТЕОРИ
   
Скопската православна епархија (во соработка со туристичката агенција ДАРО КОМПАНИ лиценца бр. 680, тел. 031.413.984 и 071.311.014), и со благослов на Негово Блаженство, Архиепископ г.г. Стефан организира поклоничко патување во чест на свети Димитрија и свети Климент Охридски во Солун и Верија.
 1 ден, сабота (09 ноември). Состанок со групата во 03.30 часот пред храмот Пресвета Богородица, спроти МАНУ, па заминување кон Гевгелија и граничниот премин Богородица - Евзони. Пристигнувањето во Солун е предвидено околу 08.00 часот. Најпрвин ќе се посетат храмовите: Свети Димитрија, Света Софија и Свети Григориј Палама, а потоа следува слободно време до 13.30 часот по македонско време, по што групата ќе се состане пред Белата кула или Беас куле. Следи патување кон Верија и манастирот Свети Јован Претеча, каде поклониците ќе можат да се поклонат пред дел од моштите на свети Климент Охридски. По ова патот птодолжува за Калампака каде и ќе се ноќева.
    2 ден, недела (10 ноември). Будењње во 07.30 по македонско време, а потоа заминување за Метеори, на разглед на манастирите: најпрвин ќе се посети една работилница за изработка на икони и црковни предмети според древната црковна традиција, а потоа манастирите: Свети Стефан (€ 3) и Свето Проебражение или Голема Метеора (€ 3). По оваа посета е предвидено враќање во Скопје, а пристигнувањето во Скопје се планира во вечерните часови.
    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 3.800 ДЕНАРИ, А ВО ОВА ЦЕНА СЕ ВКЛУЧЕНИ: ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ, АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ И ЕДНО НОЌЕВАЊЕ ВО ХОТЕЛ НА БАЗА НА Н/П (09/10 НОЕМВРИ). ПАТНИЦИТЕ ТРЕБА ДА ДОСТАВАТ КОПИЈА ОД ПАСОШ КАЈ ШТО Е СЛИКАТА И БЕЛИОТ ЛИС ЗА ВО ГРЦИЈА
Последен рок за пријавување е 06 ноември 2013 година до кога ќе треба да се уплати и да се достави копија од пасош. Личните податоци може да се испратат и по интернет: име и презиме, матичен број, број на пасош, контакт телефон и место на живеење.
За сите информации може да се обратите на проф. Момчило Павловиќ секој ден по 13.00 часот, на тел. 070.582.588 или на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или  на Skype: mopavlovic
Поклониците кои ќе сакаат да понесат дар за гореспоменатите светители, може да го направат тоа, но во согласност со православната традиција.
Исто така, доколку некој сака да понесе од дома некоја икона или сличен предмет, за да го положи врз моштите, истото може да го направи и потоа предметот да го врати дома, благословен од светителите.
Жиро сметка: Д.П.П.У. Даро Компани Д.О.О.Е.Л. - Куманово, Централна Коперативна Банка 320100004091752