Во четвртак, (01.10.2026) во 20 часот, во МКЦ ( Младински Културен Центар)

ќе се отвори изложба на фотографот Боро Рудиќ, под името “Левитација“.

 

Изложба ќе трае до 13.10.2026

ЛEВИТАЦИЈА

КО СМЕ, ШТО СМЕ, КAДЕ ОДИМЕ

Левитацијата на оваа изложба не претставува физичка, туку метафизичка состојба. Таа не зборува за материјалниот свет, светот на тежина и отпор; таа е приказна за нашиот духовен свет, за нашето патување од плaветнилата на длабочините кон хоризонтите на поинаква, почовечна иднина.

Левитацијата е непрекината еволуција, насочена кон промена и постојано издигнување на човечкото битие кон тие нови хоризонти.

Првиот дел од изложбата е нашето потекло или КО СМЕ?

Тоа е нашето колективно сеќавање — сеќавање на нашиот прапочеток, сеќавање на водата.

Вториот дел од изложбата е нашето сегашно, материјално битие или ШТО СМЕ? Златно-окер бојата на овие фотографии е боја на земјата и прашината. Таа е визуелна парабола на нашата минливост и промена низ урбаниот простор, празните улици и архитектонските сенки. Патувањето тука не застанува; тој процес продолжува.

Третиот дел од изложбата или КУДЕ ОДИМЕ? е прикажан во една фотографија. Нема вода, нема материјален свет, но нема ниту крај. Само хоризонт на надеж со безброј можности за промена — блиски и полни со живот. Тоа е еволуција без крај.