На 9 септември 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во Галерија 73 во Белград, ќе биде отворена изложбата „БРУТАЛИСТ“, заеднички проект на македонските автори Благојче Наумоски – Бане и Петар Новковски – INCHRONAX.
Изложбата претставува средба на два различни авторски пристапи кон бруталистичката естетика, низ истражување на формата, материјалот, архитектурата и трагите што времето ги остава врз нив.„БРУТАЛИСТ“ не го третира брутализмот единствено како архитектонски правец, туку како визуелен и концептуален јазик преку кој авторите го истражуваат односот помеѓу просторот, структурата, материјалот и времето.
Преку своите дела, Благојче Наумоски – Бане и Петар Новковски – INCHRONAX создаваат дијалог помеѓу два индивидуални ликовни изрази, обединувајќи ги околу заедничкиот интерес кон суровата, но истовремено силно изразна естетика на брутализмот.
Изложбата во Галерија 73 претставува можност публиката во Белград да се запознае со дел од актуелното творештво на македонските автори и со нивните современи интерпретации на бруталистичката визуелна култура.
ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБАТА
Галерија 73, Белград, Србија
9 септември 2026 година
19:00 часот