ЈАВЕН ПОВИК!ЛАВИРИНТ НА УМЕТНОСТА 3, „Каменот на знаењето“
Во годишната едукативна програма на Национална Галерија на Македонија покрај бројните посети, изложби, работилници и други активности, предвидена е едукативна наградна игра во нашиот објект Даут пашин амам. Ве покануваме да се вклучите во новата авантура наречена ЛАВИРИНТ НА УМЕТНОСТА 3!ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ ВИЕ?
Одберете максимум 30 ученика од матичното училиште, или 10 екипи по три ученика. (Може да биде еден клас или комбинација од неколку класа одбрани од ликовниот педагог кој треба да биде селектор на екипите). Децата по можност да располагаат со вештини како снаодливост, физичка брзина, аналитичност, логично расудување, културна надградба, желба за решавање загатки и сл.
ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИМЕ НИЕ?
Прием и организација на активности. Бесплатен флаер за учество. Предавање на наш водич за објектот. Рамноправен третман на сите учесници. Пригодни награди за најуспешните. Завршна забава со концерт на млади таленти.
ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА?
Истражувањето се случува надвор од објектот Даут Пашин амам, во самиот двор. Учесниците треба да го заобиколат објектот барајќи пет точки и да откријат пет поими, т.е. букви. Редоследот на буквите го дава одговорот. Флаерот со одговорот се става во кутија. ВАЖНО! Се мери времето на активноста и победник е оној кој има најкратко време при решавање на загатката.
ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИМЕ СИТЕ?
Да научиме нешто за нашата историја и култура. Да се дружиме и забавуваме. Да бидеме најбрзи, најитри и најумни.
Да се собереме на крајот од месец мај на истото место на голема забава и прогласување на победниците!
Дидактичко-едукативенo одделение на Национална галеријаНосител на проектот и лице за контакт, Александар Таневски 071/891249, едукатор.