✝️05.05.2025 г.✝️
Христос Воскресна !
Навистина Воскресна !
"Прекрасен е Бог во своите светии"

Во склоп на вселенското торжество на Христовото Воскресение, а со благослов на Неговото Блаженство Митрополитот Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г.Стефан и со допуштање на пазителите на светиот кивот, на 05.05. 2025 лето Господово, 17:00 часот во предвечерието на споменот на свети великомаченик Георгиј Победоносец во Чаирскиот храм ќе пристигне кивот со свети мошти на ☦Св.вмч.Георгиј, ☦Св.Нектариј Егински, ☦Св.Јован Кукузел,☦ Св. Јован Шангајски, ☦Св.Серафим Саровски и дел од појасот на ☦Пресвета Богородица од Ватопед.
По вечерната молитва пред кивотот ќе се исчита Акатист кон Св.вмч.Георгиј. Светите мошти ќе бидат поставени во храмот за поклонение на верниот православен народ се до 09.05. 2025 г.
Христос Воскресна !
Навистина Воскресна !