Известување за Бдение
Славете Го Господа, зашто е добар, зашто е вечна милоста Негова (Пс 135, 1).
Со особена радост ве известуваме дека – со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан – на 31.12.2023 година, во храмот „Света Петка“ – нас. Црниче, Скопје, со почеток во 22:00 часот, ќе се отслужи Бдение.
Ги покануваме сите верни чеда на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија да земат активно учество во оваа торжествена богослужба, во којашто ќе заедничариме и, воедно, еднодушно и едногласно ќе Му заблагодариме на Бога, нашиот Спасител.

 

https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/bdenie-2023/