Почнува третиот Скопски поетски фестивал

Поети од Данска, Малта, Франција, Сирија, Хрватска, Србија и над 50 домашни поети ќе учествуваат на третиот Скопски поетски фестивал, кој од денеска до 28 септември ќе се одржува на неколку локации во Скопје - Младинскиот културен центар (кино „Фросина“), Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и во кафе-книжарницата „Буква“.

Во програмата на фестивалот, кој официјално ќе биде отворен на 27 септември во 20 часот во МКЦ со настанот „Воздух. Ветер. Дишење“, се неколку поетски читања, како и промоции на книги, изложба на фотографии.

„Ќе бидат прикажани неколку поетски филмови, ќе има музички концерт, мастерклас или работилница за креативно пишување поезија, панел-дискусија за зголемување на видливоста на македонската книжевност во странство и јога во природа со поетска медитација“, соопштија организаторите.

 

https://mkd.mk/node/525946