TVIT808

среда, 13 септември 2023


Известување

Браќа и сестри,

         Во среда, на 20.9.2023 година, во навечерието на великиот празник Рождество на Пресвета Богородица,

со почеток во 17:00 часот, ќе се отслужи Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во Центарот на Скопје.

               Вечерната молитва ќе биде проследена со Литија околу централното градско подрачје.
Ги покануваме сите верни чеда да земат молитвено учество на Вечерната богослужба и на Литијата.

 

 Извор: Скопска епархија

https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/litija-20-09-2023/

 3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Друго:

         Свети Филарет Московски вели: „Кога земаш учество во Литијата, помисли, дека одиш под водство на светиите, чии икони со нас одат, и се приближуваш кон Господа.

         Свети Јован Златоуст организирал, против аријаните, ноќни Литии по улиците на Константинопол. За таа намена специјално се правеле крстови, кои торжествено биле носени по градот заедно со светите икони. Луѓето носеле и запалени свеќи.


Литијата е православен обред кој се извршува во форма на торжествена поворка од страна на свештенослужителите и верниците, проследена со црковни химни, икони, крстови, рипиди и други свети предмети, со цел да се отдаде почит кон Бога и Неговите светии и да се испроси Неговата благодат и милост.

Литија, во превод од грчки, означува усрдно сенародно молење.

Една од особеностите на литијата е тоа, што таа се извршува околу храмот, манастирот или градот.
Зошто?

3.angeli.so.truba

За значењето на Литијата

 „Свети Симеон Солунски говори: „На патиштата и на раскрсниците ние извршуваме молитва, за да ги очистиме сите патишта, осквернети со нашите гревови.

Ги подигаме од храмот светите икони, ги изнесуваме чесните крстови, а понекогаш каде што има, и светите мошти на светиите, за со нив да се осветат луѓето и сè што им е потребно во животот, – дом, вода, воздух и самата земја, како изгазена и осквернета од стапалата на грешниците....“