Покана за прес конференција за претставувањето на 59. Венециско биенале 2022

Почитувани,

Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме не прес конференција по повод претстојното претставување на Република Северна Македонија на престижната меѓународна уметничка манифестација 59. La Biennale di Venezia 2022. На прес конференцијата ќе се обрати министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Н.Е. Андреа Силвестри.

Прес конференцијата ќе се одржи на 7 април 2022, четврток, во објектот Чифте амам, во 19.00 часот.

Проектот “Landscape Еxperience” на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, предложен од Националната галерија, е избран за официјален претставник на Република Северна Македонија на Биеналето во Венеција. Kомесар е д-р Дита Старова Ќерими, директор на НУ Национална галерија на Република Северна Македонија; куратори се м-р Ана Франговска, виш кустос во Националната галерија на Република Северна Македонија и д-р Сања Којиќ Младенов, кустос советник во Музејот на современата уметност во Нови Сад, Р. Србија и кустос на проектот Evrovizion во одделението за визуелна уметност на IFA Штудгард.

Локација на павилјонот е Scuola dei Laneri, Santa Croce 131 A, а инаугурацијата е закажана за 22 април во 18.00 часот.

Претставувањето е поддржано од: Министерство за култура на Република Северна Македонија.

Краток опис на проектот

“Landscape Experience“ на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска е мултимедијален проект кој  вклучува видео инсталации, објекти и фотографии. „Естетиката“ на напуштените (запуштени) пејзажи, ставени во нов контекст, со нови слоеви на транскрипција на диспозитивите живот-смрт, убаво-грдо, витално-отровно се во фокусот на овој проект. На критичко-дискурзивен начин авторите укажуваат на опасностите кои демнеат доколку не се превземат сериозни системски чекори за совладување на најголемите предизвици на Антропоценот, како неконтролираната злоупотреба на природните ресурси на планетата Земја во форма на безумни војни (експлицитни или имплицитни, реални или психолошки, физички или хемиски), во кои жртви сме сите, а најмногу најмалите, невините и идеалистите.

...

Со цел подробно да Ве информираме за деталите на проектот и концептуално и со визуелна поткрепа, Ве покануваме да присуствувате на прес-конференцијата, која е замислена како презентација, разговор со министерката, комесарот, кураторите, уметниците и секако еден пригоден коктел, во чест на овогодинешниот македонски павилјон на најголемата меѓународна уметничка изложба – Венециско биенале.

Национална галерија на Република Северна Македонија
Macedonian Pavilion/North Macedonia/La Biennale di Venezia 2022
Venice 2022 baner.jpg