По повод 70 години од излегувањето на првиот број на списанието за литература, култура и уметност „Современост“ и 100-годишнината од раѓањето на големите дејци на македонската литература и науката за литература – Блаже Конески (1921-1993) и Коле Чашуле (1921-2009), списанието „Современост“ објавува повик за прилози во вид на проза, поезија (најмалку 3 песни), есеи или научни статии тематски посветени на овие македонски културни фигури.




Великанот на македонската литература и долгогодишен соработник на списанието со свои редовни објави – Блаже Конески, бил и еден од уредниците на првото списание за литература „Нов ден“ (1945-1951), списание-претходник на „Современост“.

Првиот број на најстарото македонско книжевно списание бил во издание на Книгоиздателството „Кочо Рацин“, во редакција на: Киро Хаџи Василев, Ацо Шопов и Коле Чашуле, а низ историјата од него биле дел големите македонски писатели и книжевни теоретичари, како: Димитар Митрев, Славко Јаневски, Васил Иљоски, Гане Тодоровски, Симон Дракул, Ташко Георгиевски, Владо Малески и други.

Во знак на одбележување на 70-годишнината од постоењето на „Современост“, Редакцијата на списанието ги охрабрува писателите, поетите, есеистите и професионалните истражувачи на делото на овие двајца, но и на другите творци поврзани со историјата на списанието да ги испратат своите прилози на е-адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. до крајот на месец август 2021 година.

По нивното разгледување и редактирање, одобрените текстови ќе бидат застапени во некои од броевите на „Современост“ за 2021 година.