Во Чифте амам денеска се отвора јубилејната изложба „Иван Велков, 90 години од раѓањето“, на која ќе бидат претставени 90-ина дела од сите творечки фази на Велков. Авторки на изложбата се вишите кустоси Маја Чанкуловска-Михајловска и Маја Неделкоска-Брзанова.

Велков (1930-2008) спаѓа во рангот на еминентните македонски сликари, воедно и универзитетски професор, кој одигра особено значајна улога во развојот на македонското сликарство во 1960-ите.

„Дијагонала на изгревот“, масло на платно, 1971 (Фото: НГСМ)

„Велков, без двоумење, се вбројува меѓу најзначајните македонски автори, кој со своето творештво внесе сопствени иновации, но и дел од движењата од светската ликовна сцена кај нас. Невозможно е да се дефинира неговото комплексно творештво преку неколку стилски одредници и во само една-две реченици. Ќе истакнеме дека Велков се издвојува и е забележан во историјата на македонската ликовна сцена како автор на препознатливи дела со експресионистичка, кубистичко-конструктивистичка, геометриска и лирска апстракција, а одигра особено значајна улога во развојот на македонското сликарство во 1960-ите“, велат кустосите.

 

https://smart.sdk.mk/vesti/izlozhba-za-90-godini-od-raganeto-na-ivan-velkov-vo-chifte-amam/